Гвардиола најде замени за Туре и Компани!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека Јаја Туре ја игра последната сезона во Манчестер Сити, а по се изгледа и Винсент Компани е на излезна врата поради честите повреди.

Гвардиола е спремен да ја подмлади екипата, па покрај овие двајца најверојатно тимот ќе го напуштат и Гаел Клиши и Бакари Сања.

Англиските медиуми тврдат дека Гвардиола веќе нашол замени за Јаја Туре и Компани, и му советувал на раководството да ги доведат Вирџил ван Дајк и Вилијам Карваљо.

Ван Дајк е на радарот на многу англиски клубови, па „граѓаните“ ќе морат да се борат со жестока конкуренција, пред се од Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Саутемптон за неговиот потпис бара 40 милиони евра.

Вилијам Карваљо би бил идеална замена за Јаја Туре бидејќи по конституцијата и стилот на игра многу наликува на Африканецот. Спортинг Лисабон не сака да преговара за негова продажба, но фудбалерот има откупна клаузуала од 50 милиони евра, која „граѓаните“ се спремни да ја платат.