Home Актуелно Оган скап живот: Потрошувачката кошница во септември беше 32.263 денари

Оган скап живот: Потрошувачката кошница во септември беше 32.263 денари

Потрошувачката кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија во септември изнесувала 32.263 денари за едно четиричлено семејство.

Најмногу од парите или 13.345 денари се за храна и пијалоци по што следуваат средствата што се трошат за плаќање на комуналии, опрема за домот и одржување, односно за оваа намера отпаѓаат 10.468 денари. За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339, а за обувки и облека 2.087 денари. Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се одвојуваат 1.070 денари, а за одржување на здравјето 678 денари.

Потрошувачката кошница во септември е повисока за 0,32 проценти во однос на август, а во споредба со септемрви минатата година е повисока за 0,09 проценти.

Минималната синдикална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија, во себе ги вклучува неизбежните и неопходни групи на производи и услуги што му се потребни на едно четиричлено семејство.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…