Home Актуелно Богов: Предвидуваме раст на македонската економија од 2,3% за оваа година

Богов: Предвидуваме раст на македонската економија од 2,3% за оваа година

Народната банка соопшти денеска дека растот на македонската економија оваа година ќе изнесува 2,3 проценти.

Гувернерот на НБРМ, Димитар Боговна денешната прес конференција изјави и дека во периодот 2016-2018 година се очекува закрепнување на економскиот раст и во наредната година да достигне 3,5 проценти, а во 2018 година 3,7 проценти.

Според него, се очекува по изборите состојбите да се нормализираат и во наредната година да има стабилизирање на домашното опкружување. Носители на растот за годинава, како што информира се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка. Растот на БДП годинава ќе биде помеѓу основното и алтернативното сценарио, односно меѓу 3,5 проценти и 1,6 проценти.

Стапката на инфлација за 2016, според најновите проекции, треба да изнесува нула проценти наспроти очекуваната од 0,5 проценти во април. Богов заклучи и дека ризиците и натаму постојат, како надворешните така и домашната политичка состојба. Економските основи, како што рече, се солидни, а при стабилни трендови во текот на третиот квартал не е направена промена во монетарната политика.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…