Home Шоубизнис Конечно и тоа бидна: Германската музичка индустрија потпиша договор со YouTube

Конечно и тоа бидна: Германската музичка индустрија потпиша договор со YouTube

По седумгодишни преговори, видео платформата Јутјуб потпиша договор со Германската асоцијација за музичка индустрија (ГЕМА) со која се регулираат односите меѓу авторите и видео каналот, по што корисниците на Јутјуб во Германија ќе можат да ги гледаат сите објавени видеа.

Досега голем дел од авторските дела објавени на видео каналот беа блокирани поради нерасчистени авторски права и надоместоци.

ГЕМА, која претставува околу 70 илјади германски композитори, пишувачи на текстови и музички продуценти, со договорот на своите членови им гарантира наплата за слушање на нивната музика а договорот го опфаќа и периодот од 2009 досега.

ГЕМА и Јутјуб се уште немаат заедничка позиција дали авторството на видеата е во рацете на видео каналот или на луѓето што ги поставуваат видеата за што од властите се очекува „создавање на јасна правна рамка“, јавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …