Home Вебкафе Ќе се изненадите кои услуги проститутките ги наплаќаат најскапо (видео)

Ќе се изненадите кои услуги проститутките ги наплаќаат најскапо (видео)

Што го сметате за поинтимно – сексуалниот чин или разговорот со некој во кој си ги кажувате личните работи за себе и своите искуства? Сексуалните работници и работнички за поинтимен момент го сметаат ова второво, што во материјална смисла значи и поскапа услуга која ја нудат од самиот секс, тврди Кристина Переира, бивша сексуална работничка, која денес се занимава со проучување на  интимноста.

Сексуалните установи како Moonlight Bunny ранчот во Невада на мажите им пружаат таканаречени The Girlfriend Experience понуди, поточно односи кои би можеле да се сметаат за состанок со проститука. Како што открива една проститутка во документарецот направен на оваа тематика, многу од нејзините клиенти се повозрасни мажи.

„Го сметам за комплимент кога на крајот од вечерата ќе се заблагодарат за искуството кое ги потсетило на моментите кои ги имале со своите сопруги во младоста“, вели проститутката.

Иако „Искуството со девојка“ всушност е работа на сексуалните работнички како и секоја друга услуга која ја нудат, за некои проститутки оваа услуга има многу подлабоко значење, пишува Esquire.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…