Home Актуелно 996 – крвничкиот концепт за работно време на кинеското општество

996 – крвничкиот концепт за работно време на кинеското општество

996 е нумеричка кратенка за општоприфатениот систем на работно време во Кина – од 9 наутро до 9 навече, 6 дена во неделата.

996 е еднакво на 72 душмански работни часа неделно. Работната недела, пример во Европа, е гарантирани максимум 40 часови неделно. Дополнително, втората деветка често знае да е чисто факултативна, па вистинското работно време да се протега до 11 или 12 часот навечер.

Да не биде сè така црно има и случаи на компании кои практикуваат 995.

Системот не е некоја маргинализирана појава, во опскурни компании, туку е прифатен како официјален работен распоред кај повеќе гигантски кинески интернет компании, а и тие што не го кажуваат официјално, го практикуваат.

Да не биде дека само компаниите се кабает, кинеските експерти објаснуваат дека причината зошто се прифаќаат ваквите нечовечки услови е чист притисок на општеството. Според нив разликата меѓу приходите на кинеската средна и ниска класа е огромна, па младите луѓе кои доаѓаат од семејства од средна класа даваат сè од себе и се подготвени на 996 само за да останат во средна класа.

Нормално, некој ќе си го постави логичкото прашање „како издржуваат?“ Е па, не издржуваат, и како што објаснува една млада програмерка: „Ако ти не работиш 996, тогаш друг ќе работи“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …