Актуелно

79 лица се гонат кривично за фалсификување документи

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 79 сторители за сторени исто толку кривични делa фалсификување или уништување на деловни книги, од кои четири се продолжено кривично дело и две кривични дела посебни случаи на фалсификување исправи, а во врска со продолжено кривично дело.

Во периодот од 01.01.2014 до 26.04.2016 двајца од пријавените во својство на инструктори и уште еден вработен во автошколата Делта Среќа ДООЕЛ од Кочани фалсификувале исправи, односно со свој потпис се потпишувале на местото инструктор и завериле картони за евидентирање во кој внеле податоци како од страна на кандидатите да се извозени потребниот број на часови согласно законските нормативи, и во лично име на кандидатите се потпишувале, велат од МВР.

Една од пријавените како стручен раководител во фирмата во повеќе наврати изготвила потврди за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило, во кои внела невистинити податоци дека кандидатите ги извозиле потребните број на часови, иако знаела дека тие ги немаат извозено согласно податоците во евиденциите кои била должна да ги води и контролира согласно Правилникот за критериумите, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар и опремата со која треба да располагаат. Со потпис и печат на правното лице ги заверила како да се вистинити, по што раководителката во име на правното лице ги издавала на кандидатите.

По ова, 75 пријавени кандидати за полагање на возачки испит во периодот од 12.03.2014 година до 27.01.2017 година, со намера да се стекнат со право на полагање на возачки испит, поедничено ги употребиле ваквите потврди за оспособеност на кандидат за возач на моторно возило, издадени од страна на  правното лице во Стручниот испитен центар Европски Возач во Штип, иако знаеле дека потврдите се со невистинита содржина.

Advertisements
To Top