Home Вебкафе 40 години живеел и работел како роб за 79-годишен старец

40 години живеел и работел како роб за 79-годишен старец

Социјалните работници во Велика Британија спасиле од робовски живот човек кој 40 години живеел во колиба и работел како роб за едне 79-годишен старец.

Човекот на 58 годишна возраст живеел во колиба во дворот со површина од 2 квадратни метри и работел како роб за еден 79 годишен старец во местото Карлајл во Кумбрија. Британските социјални работници направиле рација заедно со полицијата и го ослободиле човекот кој живеел во модерно, должничко ропство, по што бил однесен во медицинска установа на закрепнување.

Било утврдено дека ваквиот вид на ропство и денес сè уште постои во Британија, Белгија и Португалија.

Од социјалните служби на Британија апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да ја пријават. Идентитетот на злоупотребениот човек и на неговиот робовладетел, не се соопштуваат, а нема информација и дали старецот е приведен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Валентиновото помина! Оваа година славиме Галентинов ден!

Дали сте љубител на Денот на заљубените? Ако не сте, не се грижете — не сте единствени. Ко…