ЕВН инсталираше над 40 постојки за полнење електрични возила


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во проектната соработка меѓу ЕВН и дел од македонските општини, беа инсталирани над 40 станици за полнење на електрични возила во Скопје и во 17 други градови низ Македонија.

Станиците се наоѓаат во централни локации, на јавни паркинзи и покрај деловни објекти, како што се хотели, ресторани и трговски центри. Со ова не само што ќе се овозможи поголема мобилност на сопствениците на електрични автомобили кои нема да бидат принудени да ги полнат своите автомобили во своите домови, туку во исто време Македонија ја збогатува и својата туристичка понуда.

„ЕВН веќе една година работи на инсталирање на електрични полначи за овие автомобили. Веќе имаме инсталирано полначи за електрични автомобили во повеќе од 17 градови низ Македонија, секогаш на главните и најфрекфрентите места во градовите, така што тие лесно можат да се најдат и со тоа ќе се решат проблемот со малата километража што ја имаат електричните автомобили. Веќе имаме инсталирано повеќе од 10 станици за полнење во Скопје. Следниот чекор е да соработуваме со некои хотели и локали за и таму да поставиме полначи. Единствено нешто што недостасува е поголем број на електрични автомобили. Се согласувам дека цената на овие возила е повисока од стандардните, но тоа е цената што треба да се плати за чист воздух“, рече Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.