Home Актуелно 4 лица, од кои еден свештеник, уапсени во Индија во врска со силување и убиство на малолетно девојче

4 лица, од кои еден свештеник, уапсени во Индија во врска со силување и убиство на малолетно девојче

Четири дена во индискиот главен град Њу Делхи се одржуваат протести поради наводното силување и убиство на деветгодишно девојче.

Според полицискиот извештај, девојчето во неделата отишло по вода во близина на нејзиниот дом во Делхи, кога била убиена. Нејзиното семејство вели дека сторителите го кремирале нејзиното тело во блискиот крематориум, пишува Скај њуз.

Властите наредиле истрага за случајот, поврзан со можно силување и убиство. Полицијата уапсила четворица мажи. Тие се соочуваат со обвиненија за силување, убиство и заплашување.

Семејството на девојчето изјавило дека еден од наводните силувачи бил хинду свештеник. Девојчето припаѓало на заедницата Далит, најниската каста во индиската хинду хиерархија.

Во Индија, се регистрирани повеќе од 32.000 силувања во 2019 година, но експертите веруваат дека бројките се многу поголеми, бидејќи многу силувања не се пријавени поради конзервативната средина. Исто така, имало повеќе од 100.000 киднапирања на жени, од кои една третина се однесувале на принуден брак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …