4 години нема олимпијади и светски првенства: Русија исфрлена од сите меѓународни спортски натпреварувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светската антидопинг агенција (WADA) денес изрече драконска казна за Русија и и забрани учество на сите спортски меѓународни случувања во наредните четири години.

Тоа значи дека Русија нема да учествува на Олимписките игри следната година во Токио, како и зимските игри во Пекинг 2022, но и Светското првенство 2022 година во Катар.

Одлуката беше донесена на состанокот на Извршниот одбор на WADA во Лозана. Не само што на руските спортисти ќе им бидат забранети големите натпреварувања, туку и на службениците на Сојузот ќе им биде забрането присуство на тие случувања.

Руските спортисти кои ќе можат на WADA да и докажат дека се чисти и дека не се дел од системот кој ги допингувал спортистите спонзориран од државата, и понатаму ќе можат да се натпреваруваар, но под неутрално знаме.

Казната доаѓа поради манипулација на Руската анти-допинг агенција (Русада) со лабараториски резултати кои им беа предадени на истражителите во јануари 2019.

Русија и претходно беше суспендирана. Вкупно 168 спортисти од оваа земја се натпреваруваа под неутрално знаме на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 откако беше откриена манипулација со допинг резултатите за време на Олимписките игри во Сочи 2014.