Home Спорт Вардар вечерва против Татран: Го сакаме првото место во групата!

Вардар вечерва против Татран: Го сакаме првото место во групата!

Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат Татран Татран Прешов во меч од СЕХА лигата.

Победа на овој дуел може да им го обезбеди првото место во групата на „црвено-црните“, што е и цел на македонскиот шампион.

„Ја исполнивме целта и се пласиравме во четвртфиналето. Нашата цел беше и да бидеме први во групата. До крајот на групната фаза имаме уште две средби и потребно е да освоиме три бода и сметам дека можеме да го направиме тоа. Во моментов тоа е нашата цел и очекувам да ја исполниме”, изјави Кокшаров.

„Знаеме дека ќе го играме нашиот последен натпревар на домашен терен во 2019. година. Целта е да одиграме најдобри и го завршиме регуларниот дел од сезоната на најдобар можен начин. Целта е да триумфираме“, изјави Димитар Димитриоски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…