39 години после култниот „Shining“ пристигнува продолжение по хорор романот од Кинг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Култниот хорор-трилер „Shining“ снимен според истоимениот роман од легендарниот писател Стивен Кинг, добива свое продолжение после 39 години од неговото излегување.

Станува збор за филмот „Dr. Sleep“ кој, исто така, е снимен според роман од Кинг, а дејството го следи пораснатиот Дени, детето од „Shining“, син на полудениот домар. Десетици години подоцна, после настаните од „Shining“, Дени се бори со алкохолизам, а своите психички моќи ги користи за да го заштити девојчето со слични моќи од мрачен култ кој се храни од нивните моќи.

Филмот е снимен според истоимениот роман од Стивен Кинг од 2013 година, а режисерот Мајк Фланаган откри дека дејството се случува во истиот кинематолошки космос како и филмот од Стенли Кјубрик.

„Shining“, снимен од култниот режисер Стенли Кјубрик, излезе во 1980 година, но Стивен Кинг не беше задоволен од неговата верзија, па сам продуцираше мини-серија во која го адаптираше истиот роман во 1997 година.

Иако истакна дека неговиот филм ќе биде директна адаптација на романот од Кинг од 2013 година, Фланаган тврди дека ќе ја почитува верзијата на „Shining“ од Кјубрик.

„Ова ќе биде адаптација на романот Dr. Sleep кој е продолжение на романот Shining од Стивен Кинг, но и понатаму се наоѓа во истиот космос како Кјубриковата филмска адаптација на Shining“, изјави Фланаган и додаде дека му било голем предизвик да се потпре на сите три извори. Тој во своето филмско остварување користи и неои сцени од филмот на Кјубрик.

Главните улоги во „Dr. Sleep“ ги играат Јуан МекГрегор, Ребека Фергусон, Џејкоб Трембли, Клиф Кертис и други.

Филмот во кината треба да се појави на 30 октомври оваа година, нешто помалку од два месеци откако беше објавен уште еден филм снимен според дело на Стивен Кинг – второто продолжение на римејкот од легендарниот хорор „It“.