Home Спорт 27 години од нападот со нож врз Моника Селеш на тенискиот турнир во Германија

27 години од нападот со нож врз Моника Селеш на тенискиот турнир во Германија

Поминаа точно 27 години од веројатно најсрамната и најподмолна сцена која ја памети историјата на тенисот.

На денешен ден, во 1993 година, славната тенисерка Моника Селеш беше нападната со нож на турнирот во Хамбург во текот на мечот против Магдалена Малаева.

Тенисерката од Нови Сад го доби првиот сет со 6:4, во вториот беше 4:3 кога од трибините влета Гинтер Парха и со нож ја нападна од зад грб. Како причина Германецот го наведе што таа била голем ривал на Штефи Граф чиј голем навивач бил тој. На крајот тој кривично не одговараше затоа што судот процени дека бил ментално непресметлив. Својата казна од две години ја помина во психијатриска болница на лекување.

Селеш поради оваа повреда паузираше две години, а по враќањето никогаш не заигра во Германија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…