250 милиони евра за две години – Роналдо доби понуда тешка за одбивање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе е очигледно дека Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, меѓутоа во Европа има проблем со пронаоѓањето на клуб по негова желба. Сега се појавила опција од Саудиска Арабија.

„Си-Ен-Ен“ објави дека клуб од Саудиска Арабија е спремен да издвои 300 милиони евра за да го доведе Роналдо во своите редови. Од таа сума 30 се за понудата на Јунајтед, 20 за агентот Жорж Мендеш и 250 за двегодишен за Роналдо.

Јасно е дека Роналдо во Европа не може да добие ниту приближно ваква добра финансиска понуда, но прашање е колку Португалецот има желба да се пресели во Саудиска Арабија.

Ќе потсетиме, тој се уште не се приклучил на подготовките на Манчестер Јунајтед за новата сезона која започнува за околу половина месец.