2019 беше рекордно жешка година, прогнозите за 2020 се загрижувачки лоши


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Факт е дека глобалното затоплување е реалност која ја живееме, а за кој во огромна мера и самите ние сме „заслужни“. Тој глобалн тренд на затоплување ќе продолжи и во 2020 година, кога, според прогнозите, температурите повторно ќе бидат за еден степен повисоки од оние во прединдустриското време.

Според Met Office, националната служба за временски услови на Велика Британија, 2020 година најверојатно ќе биде за 1,11 степени Целзиусови потопла од просечните температури помеѓу 1850 и 1900 година, пренесува BBC.

Годината што претстои е шеста во континуитет на најжешки години досега. Научниците велат дека емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина е одговорна за порастот на температурата.

Светот за прв пат ја надмина прединдустриската температура за еден степен во 2015 година и од тогаш не се врати на старите вредности. Најжешката година досега беше 2016 година, кога Ел Нињо направи значителна разлика.

Овој временски феномен ја зголеми температурата на морето во централниот и источниот Пацифик и е поврзан со многу фактори ширум светот, вклучувајќи го и глобалното затоплување.

Според Met Office, има мали шанси Ел Нињо да биде силен во 2020 година. Метеоролозите предвидуваат дека глобалната просечна температура ќе се искачи меѓу 0,99 и 1,23 степени следната година – во просек од 1,11 степени. Истражувачите велат дека клучен фактор ќе биде емисијата на јаглерод диоксид и другите гасови што влијаат на загревањето.

Според нив, емисијата на јаглерод диоксид оваа година малку е зголемена. И покрај намалената употреба на јаглен, се зголеми за 0,6 проценти. Зголемувањето се должи на зголемената употреба на нафта и гас во 2019 година.

Прогнозите направени за 2020 година се засноваа на она што се случуваше изминатите пет години. Во исто време минатата година, просечната температура во 2019 година беше проценета на 1,10 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриското време, а од јануари до октомври просекот беше 1,11 степени Целзиусови.

Научниците се прилично загрижени затоа што ова просечно покачување на температурата трае веќе пет години, а тие стравуваат дека ако нешто значајно не се промени, ќе достигнеме застрашувачки 1,5 Целзиусови степени, што може да предизвика голем број негативни реакции на Земјата.

На неодамнешниот самит на COP25 во Мадрид се разгледувале можните решенија за климатските промени и да се отвори патот кон Глазгов, каде претставници од земјите ширум светот ќе се сретнат следниот ноември за да излезат со заедничко решение за проблемот со глобалното затоплување.