Понеделничка временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој декемвриски понеделник во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.

Од пладневните часови во северните делови ќе почне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири во поширокиот регион на Повардарието.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 10 Целзиусови степени, Маврово 4, Битола и Охрид 9, Крива Паланка 7, Брово 8, Кавадарци 14, Дојран 15 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во североисточните делови ќе има локален дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и понекаде снег ќе заврнува и на височини од 1.000 метри. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 7, Маврово 3, Охрид 6, Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 5, Кавадарци 10, Дојран 12.