ДУИ со барање за додавање на графа за етничка припадност во матичните изводи за родени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На барање на ДУИ, како што пренесе Артан Груби, од следната година се очекува промена на форматот на изводот од матичната книга на родените. Во него е планирано да се додаде графа за етничката припадност, со цел да се спречи злоупотреба на лажната етничка припадност и декларација..

Тој вели дека ова ќе биде иницијатива на ДУИ за да се избегнат злоупотребите на етничката припадност при вработување.

Директорот на управата на матичната евиденција, Бујар Дардишта, вели дека деловникот сѐ уште не поминал, но потврди дека има подготвеност за измена на изводите, што може да се случи следната година.

Од движењето Беса велат дека треба да се додаде графа за етничка припадност во личните карти и додадоа дека се надеваат дека нивните амандмани за вметнување графа за етничката припадност во личните карти ќе бидат прифатени од пратениците од мнозинство.

Во последно време сѐ почести се вработувањата кога одредени лица со македонско име и презиме, се изјаснуваат како Албанци со цел да се вработат во државната администрација.