Home Актуелно 18 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа

18 нови случаи на Ковид-19 во Македонија во последните 24 часа

Во последните 24 часа, во Македонија, од направени 684 теста, регистрирани се 18 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од 18-те нови случаи, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, регистрирана е реинфекција.

Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица, а има 231 оздравен пациент.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови, а пријавено е на 30 март.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а на активни случаи изнесува 826.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…