Крадци во Индија украле 20 метра долг мост тежок вкупно 550 тона


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Во североисточниот дел од Индија група крадци украле мост долг речиси 20 метри и тежок 550 тони со намера да го продадат како старо железо. Полицијата уапсила осуммина, вклучувајќи и двајца владини службеници.

Индиската полиција успеала да заплени цевки тешки околу 247 килограми и друг материјал. Мостот не бил користен од почетокот на 2000 година, а крадците успеале да го расклопат за три дена. Криминалците носеле владини униформи за да не бидат препознаени и работеле во текот на денот, од 7 часот наутро.

Според локалните медиуми, локалните жители не се сомневале дека станува збор за кражба, а некои биле задоволни што мостот конечно се отстранува.

Крадците биле откриени откако еден жител се јавил кај властите за да праша зошто мостот не се отстранува според стандардната процедура. Потоа полицијата отворила истрага и заклучила дека властите не наредиле рушење на мостот.