18 години без легендарниот Ѓорѓи Колозов


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Денеска, 13 октомври, се навршуваат 18 години од смртта на македонската актерска легенда Ѓорѓи Колозов, кој почина во Скопје во 2003 година.

Колозов е роден на 26 февруари 1948 година во Богданци. Тој дипломира на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година, по што се вработил во Македонскиот народен театар.

Колозов имал многу улоги во многу серии, филмови и претстави, но остана запаметен по учеството во Македонските народни приказни, засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби, како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други.

Почнувајќи од 1984 година, со серијата која првично била насловена како „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003 година како телевизиска серија „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ, имал снимено околу 300 епизоди.

Ѓорѓи Колозов по овие приказни остана запаметен како царот, кадијата, Господ, селанецот или чорбаџијата, кого со нетрпение очекувавме да го видиме на малите екрани и да научиме некоја нова мудрост или итроштина.

Во спомен на овој легендарен актер, во продолжение ве потсетуваме на неколку приказни, кои веруваме дека со задоволство ќе ги изгледате и ќе се потсетите на безгрижното детство.