Славни

16 празни години без легендата Ѓорѓи Колозов – пред чорбаџиската куќа денес стои сам еден човек

На 13 октомври, 2003 година, својот актерски и животен пат прерано го заврши македонската актерска легенда, Ѓорѓи Колозов. Познат како „царот“ и „чорбаџијата“, со својата прерана смрт Колозов ја остави посиромашна актерската сцена во Македонија за едно големо име, културен деец и познат лик од екраните.

Својот пат Колозов го заврши на 13 октомври 2003 година на 55 годишна возраст, а замина неочекувано и без поздрав.

По тој повод Фејсбук страната посветена на неговиот лик и дело сподели фотографија од местото каде започнаа да се снимаат македонските народни приказни.

Познатата куќа во која се снимаа најголем дел од епските и легендарни епизоди од македонските народни приказни, во манастирот Свети Пантелејмон, скопско Нерези, денес е празна, а таму сам без своите пријатели стои актерот Лазар Бараков.

Advertisements
To Top