Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
По триумфот во Вадуз против Лихтенштајн од 3:0 во натпревар од 5-то коло од квалификациите за СП 2018 во Русија, сениорскара репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за контролниот натпревар против Белорусија на 28-ми март во Скопје.
Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски за пресметката против Белорусија во составот на Македонија го повика Дарко Чурлинов. Доколку добие шанса за настап против Белорусија фудбалерот на германски Келн ќе стане најмладиот репрезентативец со 16 години и осум месеци.
Против Белорусија во комбинација за настап ќе биде и Езџан Алиоски кој поради жолти картони немаше право на настап на натпреварот против Лихтенштајн.
По настапот за сениорската репрезентација во Вадуз, на репрезентативниот тим до 21 година се приклучуваат и шестте фудбалери кои беа на располагање на Игор Ангеловски, голманот Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески