14 клуба добија забрана за трансфери!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Русија на 14 екипи од првата и втората лига, поради финансиски проблеми им ги забрани трансферите на фудбалери.

Фудбалскиот сојуз во соопштението објави дека се додека клубовите кои се казнети не ги исполнат финансиските долгови (неисплатени плати кон фудбалерите и неплатени даноци) нема да смеат да регистрираат нови фудбалери.

Меѓу клубовите кои се казнети се и поранешниот шампион Рубин Казањ, потоа Крила Совјетов, Амкар и Том Томск. Најпознат клуб од второлигашите кој е казнет е московски Динамо.

Бројни руски клубови се соочуваат со финансиски проблеми, бидејќи главните приходи им доаѓаат од државните компании и регионалните влади.