Славни

Путин разголен му отиде на Доналд Трамп

Sutarday Night Live посвети уште еден скеч на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, а овој пат во игра го вклучија и првиот човек на една од двете најмоќни земји на светот, Владимир Путин.

Алек Болдвин повторно беше одличен во имитирањето на Трамп, а во тоа му помогна и Џон Гудман кој ја играше улогата на Рекс Тилерсон, идниот министер за надворешни работи.

Со оглед на неговиот пријателски однос со Путин, Тилерсон беше фасциниран од неговата ненадејна посета. Путин реши да го посети Трамп појавувајќи се низ оџак, за да му  донесе поклон за Нова Година – играчка со вградена камера за шпионирање.

Advertisements
To Top