130 години Ајфелова кула – фантастично ласерско шоу и импресивен светлосен спектакл


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Градот на светлината, славната француска метропола и престолнина Париз, ја одбележа 130-годишнината од изградбата на еден од француските и европските најзначајни симболи – Ајфеловата кула.

По тој повод на кулата која беше именувана според архитектот Александар Густав Ајфел беа поставени ласдерски светла и синоќа беше изведен спектакл преку кој беа покажани важните настани поврзани со овој споменик.

Спектаклот беше видлив од поголемиот дел на Париз. Ајфеловата кула е е една од најпосетуваните туристички атракции на светот. На неа годишно се качуваат 6 милиони туристи.

Најголемиот број останува за да се овековечат со градбата, што ја изградил Филип Ајфел за Светскиот саем во 1889 година. Ајфеловата кула за прв пат за јавноста била отворена на 15 мај 1889 , неколку дена откако била изградена.