127 години од раѓањето на Агата Кристи – писателката која ги прослави крими романите и сруши Гинисов рекорд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најпопуларната писателка на детективски романи, Агата Кристи, родена е на 15 септември, 1890 година, а за своите дела во жанрот кој многумина сè уште не го сметаат за „вистинска литература“ го доби Орденот на Британското кралство.

Агата е родена во скромно семејство во време кога жените тешко успевале да се образуваат и институционално да се школуваат. Сепак, идната светска писателка имала добро домашно образование, за кое се погрижила нејзината мајка. Освен читањето, пишувањето и аритметиката, мајката ја учела својата ќерка да свири пијано и мандолина.

Во детството Агата пишувала поезија и кратки приказни, а после одморот во Египет, го напишала и својот прв роман, кој семеен пријател го препорачал на својот книжевен агент во Лондон. Сепак, тој роман доживеал фијаско. „Мистериозната афера во Стајлс“ од 1920 година, во кој прв пат се појавува ликот на Херкул Поаро – лик кој ќе се прослави и кој ќе се појави уште во 32 романи и неколку десетици кратки приказни – не ја воодушевил читателската публика.

Во текот на Првата светска војна, Агата работела како медицинска сестра, а подоцна и како аптекарка. За полковникот Арчибалд Кристи се омажила во 1914 година и со него ја добила ќерката Росалинд Хикс.

После разводот од Арчибалд, Агата некое време во целост исчезнала од јавниот живот. Меѓутоа, две години после разводот, во 1930 година, повторно се мажи, овој пат за археологот Макс Маловен, со кој останува во брак во наредните 46 години, до смртта.

Пишувала под псевдонимот Мери Вестмакот, а првиот од шесте романи кои ги објавила под овој псеводним го напишала во 1932 година. Сè до 1949 година никој не знаел која точно е Мери, дека тоа всушност е Агата, а тогаш нејзината тајна ја открил магазинот Sunday Times.

Агата учествувала и во Втората светска војна, помагајќи им на ранетите. Работела во аптека во Лондон, каде стекнала доста знаење за отровите, кои често се дел од нејзините криминалистички романескни приказни.

Дури и кога нејзиното здравје се влошило, не престанала да пишува. Од 1971 до 1974 година било очигледно дека нејзиното здравје е нарушено, а тогаш било откриено и дека страда од Алцхајмерова болест или сличен облик на деменција.

Почина на 12 јануари, 1976 година, од природна смрт, во својот дом во Волингфорд, на 86-годишна возраст.

Меѓу делата на Агата Кристи се наоѓаат повеќе од 80 детективски романи и драми, а во најголем дел од нив како главен карактер се појавува Херкул Поаро – најпознатиот лик кој е создаден од нејзиното перо. Голем број од нејзините романи и раскази се екранизирани и адаптирани за филмови и серии.

Делата на Агата Кристи се продадени во повеќе од една милијарда примероци на англиски јазик и повеќе од една милијарда примероци на уште 45 различни јазици.

Според Гинисовата книга на рекорди, Агата е автор на најмногу продадени книги, додека нејзиниот роман „Убиството на Роџер Акројд“ (The Murder of Roger Ackroyd) е прогласен за најдобар крими-роман на сите времиња.