Home Спорт Ѕвездата на Тотенхем се претвори во „бебиситер“ и на теренот ги забавуваше децата на соиграчите (ВИДЕО)

Ѕвездата на Тотенхем се претвори во „бебиситер“ и на теренот ги забавуваше децата на соиграчите (ВИДЕО)

Сон Хеунг Мин дополнително порасна во очите на навивачите на Тотенхем, но и на љубителите на фудбалот ширум светот после она што го направи во неделата.

Кореецот беше суспендиран за последниот лигашки натпревар против Евертон 2:2, но излезе од тунелот кога натпреварот беше завршен.

Како и што е вообичаено на крајот од сезоната фудбалерите и стручниот штаб на овој натпревар ги доведоа своите семејства. Меѓутоа, изгледа дека Сон беше сам, па на теренот се претвори во „бебиситер“.

Одличниот офанзивец им пријде на Ерик Дајер, Кристијан Ериксен и Ерик Ламела и даде се од себе да ги насмее нивните деца.

https://twitter.com/LastWordOnSpurs/status/1128038791535570944

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…