Home Спорт Ѕвездата на Лацио станува трет најскап фудбалер во историјата: ПСЖ плаќа 170 милиони!

Ѕвездата на Лацио станува трет најскап фудбалер во историјата: ПСЖ плаќа 170 милиони!

Како што пренесуваат италијанските медиуми ПСЖ има намера да го донесе во своите редови фудбалерот на Лацио Милинковиќ – Савиќ и нема да жали пари.

Имено, ПСЖ е спремен да го направи Србинот трет најскап фудбалер во историјата на фудбалерот и да му плати на Лацио неверојатни 170 милиони евра за да го добие неговиот потпис.

Сергеј Милинковиќ – Савиќ оваа сезона блеска во Серија А и се етаблираше во еден од најдобрите и најкомплетни играчи за врска во Европа, па многу гиганти го сакаат во своите редови.

Неговата цена од ден на ден вртоглаво расте, а ПСЖ за да ја победи конкуренцијата е спремен да плати неверојатни 170 милиони евра за 22-годишниот српски репрезентативец.

Трансферот на Милинковиќ-Савиќ би требало да се реализира идното лето, откако ПСЖ ќе се ослободи од Џулијан Дракслер, Хавиер Пасторе, Анхел ди Марија, Кевин Трап и Лукас Мура.

Со тоа „светците“ во своите редови ќе ги имаат тројцата најскапи фудбалери во историјата, откако ова лето ги купија Нејмар за 222 милиони и Мбапе за 170 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…