Home Спорт Ѕвездата на Интер на пат за Кина

Ѕвездата на Интер на пат за Кина

Италијанските медиуми пренесуваат дека Евер Банега може да биде следната ѕвезда која ќе замине во Кина, откако на адреса на Аргентинецит пристигнала примамлива понуда.

Имено, транасфер пазарот во Кина е отворен до крајот на месецот па се обидуваат да привлечат уште некоја ѕвезда до затварање на истиот.

Според пишувањата на шпанските и италијанските медиуми, 28-годишниот за врска од Интер, Евер Банега, во наредните денови ќе тргне на пат кон Кина.

Веста ја објави „Естадио Депортиво”, односно локален спортски дневник во Севиља, кој има одлични извори кога е во прашање Банега кој до минатото лето играше токму во тимот од Севиља.

Наводно, Интер веќе прифатил понуда од 25 милиони евра од амбициозниот Тианжин, кој сега треба да се договори со играчот. Сепак, медиумите тврдат дека тоа нема да биде тешко бидејќи му нудат годишна плата од 8 милиони евра која со бонуси може да достигне до 10 милиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…