Зошто некои врски имаат свој крај, а некои траат: Виновникот според ЕКСПЕРТИТЕ е добриот стар секс!

Експертите направија истражување во кое го дознаа она што веќе во суштина и го знаеја: дека заљубеноста на почетокот на врската не е гаранција дека врската ќе трае.

Ако нешто сум научила во последните 10 години од своето постоење, тогаш тоа е фактот дека ништо на овој свет не треба да земеме „здраво за готово“, па така ниту врските. Дури и ако на почетокот на некој однос мислиме дека ќе трае засекогаш, често може да се испостави дека тоа баш и не е така.

Дури и ескпертите во едно истражување утврдија дека на почетокот никако не е можно да се каже каква ќе биде врската дали на краток или долг век. Тимот од Универзитетот во Калифорнија анкетираше повеќе од 800 индивидуи, и со нив ја употреби т.н. анкета на „реконструктивен однос“. Испитаниците добија задача да се присетат на разни моменти во претходните односи и тоа се до самиот почеток.

Заљубеноста не е гаранција дека врската ќе трае

Резултатите беа изненадувачки – романтичниот интерес трае на сличен начин, без разлика дали се работи за кратка или долга врска. Со други зборови, повеќето кандидати на почетокот на врската имале слични искуства, без оглед на тоа дали тоа е секс за една ноќ, врска од една недела, или онаа од неколку години. Некои од најинтересните моменти се случиле дури пред оние сексуалните.

Меѓутоа во краткорочнте односи интересот почнат да се менува, додека во подолгите повеќето се разделиле. Што ова сугерира? Во рамки на чувствата на поќетокот, не можеме да бидеме сигурни во која насока ќе се движи нашиот однос. И покрај комуникативноста, романтичната компактибилност,многу е тешко да се процени се додека не помине некое време, објаснува предводникот на истражувањето, др. Пол Ествик.

Поради што се разделуваме?

Се чини дека една од главните причини е добриот стар секс, односно недостатокот од него. Ако луѓето се навикнат на него и се задоволни, велат експертите, ќе се обидат да го претворат тоа искуство во врска. Тие односи о кои секс нема, и не траат особено долго.

„Првото сексуално исксутво со нова личност во многумина случаи покажува дали тој однос ќе премине во нешто повеќе или ќе заврши веднаш на стартот“, заклучи Ествик. Да, животот е навистина прекраток за лош секс.