Заев: предлогот Илинденска Македонија веќе е одбиен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Предлогот Илинденска Македонија беше одбиен и од грчката страна, и од македонската опозиција, и поради тоа не можеше да се продолжи со тоа, рече премиерто Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од ВМПО ДПМНЕ за предлогот за името.

Тој вели дека е нормално да се искажуваат ставови од двете страни, но мора да се внимава, бидејќи шансите за почнување на пристапни преговори со ЕУ се многу поголеми доколку имаме решение, јавува ТВ Телма.

Никој не побарал да се смени името на црквата, тоа не е тема на дебата

Премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека денеска јавно ќе биде објавено писмото кое тој го испратил Вселенската патријаршија.

-Барањето во писмото е патријаршијата да помогне за признавањето на МПЦ-ОА. Дополнително на писмото кое светиот синод на МПЦ го испрати, јас напишав писмо и го испратив до светиот синод на Вселенската патријаршија да помогне при признавањето. Никој не побарал ниту може да го смени името на МПЦ. Не е тема на дебата името, прашањето е помош околу решавање на црковниот спор, кој постои од возобновувањето на МПЦ-ОА, рече Заев.