Зошто Ливерпул не го победил Јунајтед? Салах има интересен одговор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е единствениот тим во Премиер лигата оваа сезона кој му одолеа на Ливерпул и остана непоразен во дербито на „Олд Трафорд“.

Во тој дуел фудбалерите на Јирген Клоп не блескаа на теренот, а една од причините беше отсуството на Мохамед Салах поради повреда.

На прашањето на новинарите зошто Јунајтед успеа да го сопре тимот на Јирген Клоп, Салах излезе со интересен одговор.

„Затоа што бев повреден“, рече Салах низ насмевка.

Во недела на „Енфилд“ се игра големото дерби, Ливерпул го пречекува Манчестер Јунајтед, а според најавите Салах овој пат ќе биде во стартниот тим.