Зошто ја научив мојата ќерка како да се тепа?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кен Харбо, е татко на девојче, кој остави писмо на форум за тепање и објаснува зошто ја научил својата ќерка да се тепа.

„Доволно си голема да забележиш како другите татковци ги воспитуваат своите ќерки. Забележуваш дека не си како другите девојки, кои никогаш не излегуваат без пуфче во косата. Храбра си и радозна и почнуваш да сфаќаш дека тоа не е случајно“. Вака го започна Кен своето писмо.

„Те начив како да удираш. Не за да порасенш и да се тепаш, туку да знаеш ако ти затреба. Еднаш видов девојка во Авганистан на која и фрлија киселина во лцието само поради што сакаше да иде во школо. Се уште не си спремна да знаеш што луѓето си прават едни на други, но сакам да бидеш спремна. Секој ден стануваш се посилна и еднаш ќе дојдеш во ситуација да си бориш за некој кој не знае да се избори за себе. Те пуштив да ги тестираш своите граници. Кога заедно сурфавме, се борееше со големи бранови. Те рушеа, но сепак не се откажа“, порачува тој.

„Те пуштив да ги тестираш своите граници. Кога заедно сурфавме, се борееше со големи бранови. Те рушеа, но сепак не се откажа“

Кен храбро го завршува своето писмо со заклучок:

„На сето ова те научив бидејќи еден ден ќе те пуштам да одеш. Ќе започнеш друг живот и ќе имаш друго семејство. Ќе бидеш убава и совршена, но никој твојата убавина нема да ја сфаќа како слабост. Ќе живееш сополна пареа, ќе ги истражуваш своите граници. До тогаш, биди горда на она што си и никогаш не дозволувај другите да ти зборуваат што жената може или што не може да направи. Ако некој те исмева за начинот на кој девојките удираат, понуди се да го научиш. Љубезно насмеј му се, завземи позиција и дај му пристојно предупредување. А после тоа исфрли го од животот. Девојките така се тепаат“.