Ќе растурате на работа: Напивка која ги поттикнува концентрацијата и креативноста


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголем дел од луѓето едноставно не можат да си го замислат утрото без кафе, а особено им е ќефско да си го пијат додека работат. Но, веројатно знаете дека кафето на празен желудник не е баш добар избор, па треба да го замените со нешто друго. И далеку поквалитетно.

Претпоставувате, ќе ви го препорачаме чајот. Новото истражување во овој домен покажа дека љубителите на чаевите се покреативни и пофокусирани на работа отколку оние кои се навлечени на кафе. Истото е објавено во списанието Food Quality and Preference, а извршено е на две групи млади луѓе на возраст до 23 години, пишува Her.

Тајната лежи во две природни состојки на чајот

Едната група пиеше црн чај, а другата вода и на крајот двете групи решаваа когнитивни и креативни тестови. Резултатите покажаа дека првата група добила наплив на креативност и можела подобро и подолго да се држи фокусирана на задачите од онаа која пиела вода.

Причината лежи во кофеинот присутен во чајот. „Двете природни состојки на чајот, кофеин и танин, позитивно влијаат на конценрацијата, која е неопходен дел од когнитивните функции на мозокот“, велат авторите на истражувањето.

Иако и кафето може слично да делува, чајот, сепак, е поблаготворен за желудникот и за целиот организам. Дефинитивно треба почесто да го консумирате, а не само кога сте настинати.