Зоран Заев повикува на референдум: Нашиот народ ќе излезе и ќе си го каже својот став за името!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на новинарско прашање пред кривичниот суд, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, изјави дека нивниот став е да се најде заедничко решение со опозицијата за спорот со името.

„Тоа не е толку страшно, трагично или невозможно, реферндумот се организира согласно законите, во брза постапка. Ако застанеме сите, пред се политичарите да ги соопштиме своите ставови, ќе му помогнеме на нашиот народ, а нашиот народ ќе излезе и ќе си го каже својот став. Ова е премногу суштествено прашање, но јас на оваа работа не гледам како на кочница или бариера, гледам како дополнителна гаранција за Република Грција дека конечно ова решение е трајно и конзистентно“, рече Заев.

Во однос на очекувањата од посетата на Нимиц, претседателот на Владата рече дека му е драго што со другите чинители во општеството успеале да го усогласат пристапот на Македонија во преговарачкиот процес. Истакна дека пред Нимиц ќе ги кажат нивните ставови и аргументации.

Според Заев, на сите овие случувања треба да се гледа од позитивен аспект, бидејќи конечниот исход ќе биде датум за преговори во ЕУ и членство во НАТО.

„НАТО и ЕУ носат инвестиции, носат позитивни економски апсекти за граѓаните и се надевам дека сите ќе бидеме фокусирани пред се за интересот на граѓаните на Република Македонија и за Република Македонија“, рече Заев.