Живот

Знаци кои ви ги дава вашата коса дека не е нешто во ред со вашето здравје

Многумина експерти апелираат дека луѓето и тоа како треба „да си ја слушаат“ косата, бидејќи таа е битен показател за состојбата на вашето здравје. Промени во изгледот и здравјето на косата може да укажуваат на посериозни здравствени проблеми или несакани ефекти на одредени лекови.

Првутот (не) е опасен: Експертите не се 100% сигурни зошто се појавува првут, но веруваат дека причината е габична инфекција. Други фактори на ризик за појава на првут се масна кожа, стрес, дебелината, ладно и суво време, егзема и псоријаза.

Иако првут е непријатен и досаден, не е опасен. За да се намали акумулација на мртвите клетки од кожата користете анти-првут шампон, оставете да делува пет минути, а потоа исплакнете добро.

Жолт првут: Ако забележите дека имате жолт првут и мрсна жолта може да страдате од дерматитис. Тоа е воспаление кое може да се случи насекаде на кожата каде што има многу лојните жлезди.

Опаѓање на косата: Иако е невозможно да се измери, некои експерти проценуваат дека дневно губиме околу 100 влакна. Тоа не е причина за паника, ниту пак е знак дека ќе станете ќелави. Треба да реагирате доколку забележите дека ви паѓаат цели прамени на коса. Тоа може да е последица на операција, породување, некои лекови, диети, голем стрес, проблеми со тироидната жлезда. Во повеќето случаи, косата почнува да расте веднаш, но за секој случај консултирајте се со лекар.

Сува и кршлива коса: Сонцето може да ја направи вашата коса кршлива и сува. Изберете производи за нега на коса кои содржат заштитен фактор. Исто така, во текот на летото добро е да носите капа за да ја заштите косата од штетните сончеви зраци.

Белеење на косата: Обелувањето на косата обично не е знак на лоша здравствена состојба, но треба да знаете дека анемија, проблемите со тироидната жлезда и недостатокот на витамин Б – 12 можат да предизвикаат предвремено белеење на косата.

Апчиња: Меѓу лековите кои имаат негативен ефект врз здравјето на косата се оние за намалување на холестеролот, антидепресивите, лековите за ублажување на симптомите на менопауза, апчињата за контрацепција и антибиотиците. Тие предизвикуваат опаѓање на косата и кршење на влакната. Во повеќето случаи, косата се опоравува по престанокот на терапијата.

Advertisements
To Top