Знаете што е „вуханско ракување“?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со цел да се намали или спречи ширењето на актуелниот коронавирус, здравствените работници ширум светот ги советуваа луѓето да се поздрават едни со други без ракување и бакнување.

Но креативните поединци најдоа начин да се снајдат во овие ситуации, пренесува Би-Би-Си.

Така и настана „Вуханското ракување“ .Поточно, Кинезите во центарот на епидемијата го замениле класичното ракување со допир на стапалото, па затоа се збогуваат за да не му се даде шанса на коронавирусот да се шири понатаму.

Видеото на „вуханско ракување“ брзо стана интернет сензација и се прошири низ целиот свет, а особено е голем хит во земјите кои се повеќе погодени од епидемијата на вирусот од другите.

Американските политичари, сепак, решија да ја заменат раката со допирање на лактите, додека Иранците избраа да си ги допираат задниците.