Златни Ајфони за цела репрезентација со грбот на аргентинската фередација и името на секој играч – Меси чести!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на светот според изборот на ФИФА, а за тоа секако треба да им биде благодарен на соиграчите од репрезентацијата со кои го освои Мундијалот.

Поради тоа Меси одлучи да им се заблагодари со уникатни подароци за кои потроши 210.000 евра.

Имено, Меси нарачал 35 златни Ајфон 14 телефони кои ќе бидат поделени на соиграчите и персоналот.

На секој телефон е изгравиран грбот на Аргентинската фудбалска федерација со трите ѕвезди, стои пораката шампиони на Светското првенство 2022, како и презимето и бројот на фудбалерот.