Home Актуелно Пекарниците од истокот во Македонија ги усогласија цените со владината мерка

Пекарниците од истокот во Македонија ги усогласија цените со владината мерка

Маркетите во Штип продолжија редовно да го добиваат лебот од локалните пекарници во градот и од соседните производители од Виница и Пробиштип.

Сите ги намалија цените на белиот и полубел леб и под замрзнатата цена од 33 денари, па цените главно се движат од 30, 31 и 32 денари. Само еден производител на леб се одлучи за цена од 33 денари, а еден ја намали цената на 29 денари, пренесува СДК.

Истата цена на лебот ја задржа само најголемиот штипски производител, пекарницата на трговското претпријатие „ Макпромет“ . Овој прозводител уште по нова година ја намали цената на лебот на 31 денар и по таа цена се продава и деновиве по замрзнувањето, а како што се најавува, иако има можност за цена од 33 денари, сепак нема да ја менува веќе утврдената цена од 31 денар, додека сечканиот е 32 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…