Зимските јакни за сезоната 2026/27 ги спојуваат практичноста, впечатливите силуети и деталите што ѝ даваат посебен изглед и на наједноставната комбинација. Оваа зима не мора да се избира меѓу топлината и стилот — од јакната се очекува да ги понуди и двете. Во фокусот се предимензионираните модели, пуф-јакните со раскошни крзнени детали, елегантните волнени јакни, но и спортските парчиња инспирирани од après-ski естетиката.
Кои зимски јакни ќе ја обележат сезоната 2026/27?
Зимската јакна веќе не е само последниот слој што го облекуваме кога ќе залади. Таа станува главно парче околу кое се составува целата комбинација. Од темни, префинети тонови до неочекувани бои и текстури, модата за есен/зима 2026/27 нуди простор и за љубителките на класиката и за оние што сакаат да експериментираат.

@mkad13

@mkad13

@mkad13
Јакни со овча волна
Еден од материјалите што заслужуваат посебно внимание оваа зима е овчата кожа со волна, позната како шерлинг. Јакните со внатрешна постава од овча волна или нејзина имитација повторно се актуелни, овојпат со посовремени силуети. Од кратки модели инспирирани од пилотските јакни до широки кроеви со големи ревери, овој тренд ги поврзува ретроизгледот и современиот минимализам. На ревиите за есен/зима 2026/27, шерлингот беше дел од колекциите на „Миу Миу“ и „Ула Џонсон“, а другите модни толкувања покажаа колку лесно се комбинира со кожа, волна и тексас.
Особено се истакнуваат природните нијанси: песочна, карамела, коњак и чоколадна, но интересни се и црните и крем-моделите. Се носат со широки фармерки, панталони со рамен крој и високи чизми. За поелегантна комбинација, изборот паѓа на јакна со нагласени ревери и кожени ракавици.
Парки и анораци
Спортската естетика и натаму влијае врз секојдневното облекување, а парките и анораците се издвојуваат како интересен избор за променливото зимско време. Не станува збор само за класични модели наменети за престој на отворено, туку за јакни што ги обединуваат техничките материјали, функционалните детали и внимателно осмислените пропорции. „Прада“ и „Лоеве“ претставија спортски јакни и анораци во поинтензивни бои. Практичните елементи, како качулки, високи јаки, врвки за затегнување и големи џебови, се вклопуваат во современиот градски стил.
Маслинестозелената, темносината, црната и песочните нијанси се добра основа за овој тренд, но место има и за црвената и жолтата. Парката може да се носи со волнени панталони и чизми, додека аноракот особено добро се вклопува со фармерки, спортски патики и слоевито облечени парчиња.
Пуф-јакни со крзнени детали
Пуф-јакните остануваат меѓу најпрактичните решенија за студените денови, но оваа сезона добиваат пораскошен изглед. Наместо вообичаените спортски модели, вниманието го привлекуваат јакни со големи крзнени јаки, качулки обрабени со вештачко крзно и детали од јагнешка кожа. „Миу Миу“, „Гучи“ и „Лоеве“ понудија интересни верзии на овој тренд, покажувајќи дека пуф-јакната може да биде подеднакво впечатлива и со секојдневни фармерки и со поелегантна облека.
Се издвојуваат кратките модели со нагласени рамена, како и подолгите јакни што ја следат линијата на телото. Црната, чоколаднокафеавата и крем-бoјата остануваат сигурен избор, додека оние што сакаат повпечатлив изглед можат да изберат бордо или други поинтензивни тонови.

@__missdiana_

@__missdiana_

@__missdiana_
Кожени зимски јакни за сезоната 2026/27
Извор: Lepota i Zdravlje