Home Шоубизнис Доналд Трамп Помладиот револтиран од жешката најава на Нетфликс за Денот на благодарноста

Доналд Трамп Помладиот револтиран од жешката најава на Нетфликс за Денот на благодарноста

Доналд Трамп Помладиот реагираше со негодување на најновото промотивно видео на Нетфликс за хит-серијата „The Hunting Wives“. Платформата го објави видеото на Икс во четвртокот, на 26 ноември, на Денот на благодарноста. Во сцената, Софи, која ја игра Британи Сноу, и Марго, во толкување на Малин Акерман, страсно се бакнуваат во кревет.

„The Hunting Wives“ постигна голем успех на Нетфликс. Серијата, чија премиера беше во јули 2025 година, првично била снимена за Старз, пред да ја преземе „Лајонсгејт телевижн“. Нетфликс ги добил правата за нејзино прикажување во САД за период од една година.

По преминувањето на Нетфликс, во серијата имало повеќе жешки сцени, меѓу кои и оние со Софи и Марго, чија љубовна врска станувала сè пострасна.

Снимена според истоимениот роман на Меј Коб, серијата ја следи Софи, која се сели од Бостон во Тексас и се чувствува привлечена од Марго, истакната припадничка на локалната елита. Нивната приказна се одвива среде политички превирања, убиство и хаос во малиот град.

Малин Акерман и Британи Сноу

Нетфликс и претходно објавуваше најави во кои беше нагласена силната сексуална хемија меѓу двата лика. Такво беше и видеото објавено во октомври, во пресрет на втората сезона.

„Ајде да ги измиеме сите синоќешни гревови“, ѝ вели Марго на Софи додека двете се капат во када. Софи ѝ одговара: „Мислам дека не можеме да го измиеме она што го направивме синоќа“.

Во ексклузивно интервју за „Ју-ес викли“ по повод премиерата на серијата, Акерман (48) зборуваше за улогата на сексуалноста во приказната.

„Мојот лик стекнува моќ на многу различни начини. Сексот е дел од нејзината манипулација. Многу луѓе во овој свет функционираат така за да воспостават контрола. Кога ја имате таа моќ — а таа е многу свесна за неа — знаете како да ја употребите. И таа го прави токму тоа“, изјави Акерман.

„Тоа ми се допаѓа кај неа. Токму тоа ја прави контроверзна, забавна, скандалозна и провокативна, па затоа сакаме да ја гледаме“, додаде актерката.

Сноу (40), пак, при гостувањето во подкастот „Not Skinny, Not Fat“ во октомври 2025 година објасни зошто Акерман била идеална партнерка за снимањето на ваквите експлицитни сцени.


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џастин Лупе го чека второто дете со сопругот Тајсон Мејсон

Актерката од „Никој не го сака ова“ ја објави бременоста на Денот на благодарноста со семе…