
Љубовниот живот на Том Брејди со години предизвикува интерес, а меѓу жените со кои бил во врска или бил поврзуван има познати актерки и манекенки.
Брејди беше во брак со бразилскиот супермодел Жизел Бундхен 13 години. Двајцата се разведоа во 2022 година, по што неговото име се поврзуваше со повеќе познати жени.
Повод за ново навраќање на неговото љубовно минато се гласините дека сега се гледа со манекенка позната како ангел на „Викторија сикрет“.

Лејла Робертс
Првата позната партнерка на Брејди беше Лејла Робертс, поранешна плејмејт-девојка на „Плејбој“. Нивната кратка врска датира од 2002 година.

Тара Рид
Во 2002 година, Брејди накратко беше поврзуван и со Тара Рид, актерката од „Шаркнадо“.
Во интервју за австралиската радиоемисија „Кајли и Џеки О“ во 2014 година, Рид откри дека се бакнале и призна дека Брејди ѝ бил „згоден“, но не сподели други детали.
Извор: Just Jared