Зидан отворено за Иско, Марсело и Мбапе (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Старо-новиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес ја имаше првата пресконференција после неговото враќање на кормилото на „кралскиот“ клуб.

Очекувано францускиот стратег зборуваше дипломатски и не им даде многу вести и повод за шпекулации на медиумите.

„Остануваат 11 меча до крајот на сезоната, играчите се мотивирани, а трите одработени тренинзи протекоа одлично. Има динамика, интензитет и тоа е најважното. Јас сум задоволен до ситуацијата во која се наоѓаат моите играчи“, изјави Зидан пред мечот со Селта.

„Во моментов не размислувам за трансфери, туку да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Оваа сезона е тешка, но има и убави работи. Нема да зборувам за тоа каква сезона има Бејл. Јас сметам на сите, а тој е дел од тимот и е спремен за игра. Иско? Стите тука мислиме само на фудбал, а тој има голема желба да игра. Исто како и Марсело, двајцата се спремни за игра утре“, истакна Зизу.

„Што се однесува до Марсело тој е добар, иако вистината е дека не играше многу во последно време. Меѓутоа, тој е професионален и со сигурснот тренирал многу добро“.

Зидан потоа беше запрашан за евебтуален трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

„Нема да ви се допадне мојот одговор. Сега не е моментот да зборуваме за трансфери. Важно е да мислиме позитивно и да победиме утре“, заклучи Французинот.