Зидан: Не сум неправеден со Иско, можат да играат само 11 фудбалери!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на прескофенеренцијата пред мечот со Пас Палмас, одговараше на многу прашања поврзани со Иско.

Иско одригра фантастичен меч за шпанската репрезентација против Аргентина, го воодушеви целиот свет, а потоа истакна дека во Реал Мадрид ја нема потребната слобода.

„Не сум неправеден со Иско. Тој е задоволен и покажа дека е многу важен за тимот. Играше фантастично против Аргентина и јас сум многу задоволен од него“, изјави Зидан.

„Тој е играч на Реал Мадрид и ќе остане тука. Многу ми се допаѓа и се справува одлично во секоја ситуација. Проблемот не е Иско, проблем е што имам 25 фудбалери, а можат да играат само 11 на терен. Јас секогаш го барам најдобрито за тимот и играчите“, додаде Зизу.