Зидан: Не сме фаворити, Атлетико никогаш не се предава!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полуфиналните натпревари во Лигата на шампиони денес ги овараат Реал Мадрид и Атлетико со феноменално градско дерби на „Сантиаго Бернабеу“.

Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан смета дека неговиот тим не е фаворит и дека шансите се 50-50.

„Не сме фаворити, шансите се 50:50. Добро се познаваме и не може ништо ново да се измисли. Атлетико никогаш не се предава, секогаш се борат до крај, знаат да го извлечат најдоброто. Но ние имаме доста силни страни у најважно е дека остануваме фокусирани на нашиот план”, изјави Зидан.

Во претходните три години дури двапати се сретнаа во финалето на ова натпреварување. Реал го победи Атлетико во финалето во 2014 година во Лисабон и во Милано во 2016 година.

„Тоа не значи ништо. Сите се подготвени, би сакал мечот да почне веднаш“, вели Зизу кој потврди дека на местото на повредениот Герет Бејл ќе игра Хамес Родригез.