Зидан го советува Мбапе да се пресели во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан го советувал својот сонародник и ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Ова го потврди шпанскиот новинар Едуардо Инда, кој бил сведок на двајцата Французи зад кулисите пред церемонијата на ФИФА за најдобар фудбалер.

Зидан се виде со Мбапе пред почетокот на галавечерта на ФИФА и му го кажа следното: Килијан, треба да играш за Реал“, откри новинарот Инда.

Килијан Мбапе уште минатото лето беше на радарот на „кралевите“, но тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ. Сепак, според она што го тврдат шпанските медиуми Реал Мадрид не се откажал од идејата да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.