Жртвите на простачки шеги од бразилските навивачи под закана и од руските екстремисти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилските навивачи на Светското фудбалско првенство во Русија ги наговараа Русинките да изговараат простачки муабети пред мобилните со кои ги снимаа, а снимките ги објавуваа на интернет.

Сето тоа почна како сексистичка шега. Бразилските навивачи на Светското првенство ги наговараа Русинките да кажуваат простачки зборови кои девојките не ги разбираа, а потоа снимките ги споделуваа со корисниците на социјалните мрежи.

Сега, тие девојки кои беа жртви на бразилскиот безобразлук, повторно станаа жртви, овој пат на руските екстремни десничарски групи. Во меѓувреме, нападите на руските социјални мрежи се проширија на сите Русинки кои се фотографираа со странски навивачи, а не само со Бразилците.

Овие Русинки се изложени на понижувачки коментари, одвратни навреди, па дури и на закани со насилство и сурови начини на линчување. Ваквите напади најпрвин почнаа преку Инстаграм и В Контакт (ВК), руска верзија на Фејсбук која има над 30 милиони корисници дневно.

А овие девојки сега се најдоа и на интернет страниците од екстремистичките групации шриум Русија.

Сурова и простачка шега

На група Бразилци кои отидоа во Русија да го бодрат својот национален тим им падна на памет со измама да ја снимаат една Русинка со која се запознале, како пред камерите го изговара еден од најпростачките изрази на португалски јазик.

Зборот кој ги тераа да го изговорат во груб превод значи „розова вагина“, а Русинката, не знајеќи го неговото значење, го кажува тоа без да биде свесна што вели. После оваа сурова и простачка шега на Бразилците, типката брзо била идентификувана на ВК, после што станала предмет на говор на омраза од руските ултранационалисти.

Некои формираа и групи со име „Розови вагини“ наменети за малтретирање на овие жени. Набрзо, илјадници луѓе, главно мажи, почнале да ги додаваат во таа група и другите Русинки кои се фотографирале со странски навивачи. Според нив, овие жени биле самите виновни што се злоупотребувани, бидејќи нивното однесување „ги навредува“ руските мажи.

Споменатата Русинка го избриша својот ВК профил и се обиде да се тргне од социјалните мрежи, но дотогаш нејзиното име, датумот и местото на раѓање и адресата на живеење станаа достапни за широката јавност. Во оптек беа пуштени и многу нејзини лични фотографии, симнати од нејзиниот приватен профил, пред таа да го избрише истиот.

„Пријателска слика“

Во разговор со Марија (нормално, не е нејзино вистинско име), друга жена која се нашла на мета на навреди и закани, а кој го пренесува В92, таа открива дека уште не може да сфати колку нејзиниот живот се променил за само неколку дена.

„Сакавме да снимаме видео за роденденот од една другарка“, вели Марија. „Видов момче во бразлиски дрес и се сликав со него“. На слиакта се гледа моментот кога се разделувале. „Тоа беше пријателска фотографија“, вели оваа млада жена од Санкт Петерсбург. „Се бакнавме со краевите од устите“.

Мислела дека на фотографијата нема ништо лошо, па ја поставила на ВК. Но, на некои корисници од социјалната мрежа, тоа им се видело како да се бакнуваат со усни, па експресно следеше ултрадесничарската одмазда.

„Ми пишуваа дека ќе ми ја исечат матката и ми праќаа слики од ножеви“, вели Марија. Навредите и заканите се нижеле цела ноќ, поради што Марија се исплашила.

„Не ми ни падна на памет дека може да ме снајде ова“, вели таа. „На сликата јас не гледам ништо непристојно“. За неа ова е толку трауматично искуство, што размислува да побара помош од психотерапевт.

„Добив сериозна лекција што може да ја снајде една Русинка ако некому му се причини дека се однесува премногу слободно со странци“, вели таа. „Под стрес сум, не можам да спијам, а секогаш кога ќе ми стигне порака во инбокс, стравувам дека е од таа група. Сè на сè, ужас“, додава Марија.

Тамара Плетнева, истакната пратеничка во руската Дума, упати строго предупредување до своите сонароднички.

„Јас сум националистка…“, почна таа, а заврши со зборовите „Русинките треба да раѓаат деца само од свои сонародници“. Според нејзините зборови, бројот на самохрани мајки драстично се зголемил после Олимпијадата во Москва во 1980 година и тоа не смее да се повтори.

„Наташа“

Една од најчестите навреди за овие девојки е „Наташа“ – збор кој се користи за девојки и жени кои прифатиле понуда за законска работа, а завршиле како сексуални робинки. Навредите на сметка на жените не се појавуваат само на интернет, туку и на некои од главните руски медиуми.

Дневниот весник Московски Космомолец објави статија со наслов „Времето на курвите: Русинките се посрамија себеси и татковината на Светското првенство“

На телевизија за оваа тема се расправаше на Првата национална програма од државната телевизија во емисијата „Времето ќе покаже“, во која на „лесните“ жени им беше порачано дека „мажите се појдени таму само заради забава“.

Има, меѓутоа и дурги тонови во оваа национална дискусија, главно од страна на новинари и блогери, кои застанаа во одбрана на Русинките од нападите преку социјалните мрежи.

„Русинките смеат да водат љубов апсолутно со кого ќе посакаат“, напиша главниот уредник на сајтот Sports.ru, Јуриј Дуд.

Од ВКонтакт најавија бришење и блокирање на некои содржини кои содржат фотографии од жени, навредливи коментари и повици за насилство.