Жребот во Нион ги донесе четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Попладнево во седиштето на УЕФА, во Нион беше одржан жребот за четвртфиналето и полуфиналето од Лигата на шампиони.

Жребот донесе многу возбудливи дуели, а најинтересно секако ќе биде на дуелот помеѓу Челзи и Реал Мадрид

¼ финални парови:

Челзи – Реал Мадрид

Манчестер Сити – Атлетико Мадрид

Виљареал – Баерн Минхен

Бенфика – Ливерпул

Во полуфиналето победникот од Челзи – Реал Мадрид ќе се сретне со победникот од дуелот Манчестер Сити – Атлетико Мадрид. Победникот од дуелот Виљареал – Баерн Минхен ќе игра со подобриот од Бенфика – Ливерпул.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 4/5 април, а реваншите се на 12/13 април. Финалето во Лигата на шампиони ќе се одигра во Париз на 28 мај.