Грешка или намерно: Руската државна телевизија го сецна Путин (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на претседателот на Русија, Владимир Путин, во сред реченица додека тој денеска се обраќаше пред десетици илјади приврзаници на главниот фудбалски стадион во Москва.

Додека Путин се обраќаше на насобраниот народ, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.

Говорот на Путин беше скратен додека велеше: „Почетокот на операцијата случајно се совпадна со роденденот на една наша извонредна војска…“.

Руската државна телевизија е строго контролирана и таквите прекини се крајно невообичаени, нагласуваат западни медиуми.

Путин зборуваше на настан за поддршка на руската армија во Украина и за одбележување на анексијата на полуостровот Крим во 2014 година.